- НАЈНОВО
- ВО ПОДГОТОВКА
- ПРОДАЖНИ МЕСТА
ДЕВИЦАТА И ЦИГАНИНОТ
Дејвид Х. ЛОРЕНС- Провокативна приказна на Дејвид Х. ЛОРЕНС (1885–1930) за сестрите Ивет и Лусил, кои се враќаат дома по школувањето.
- Во старата и сива куќа на татко им, парох, владее нивната баба – надмена старица која мора сѐ да дознае и сѐ да држи под контрола. Единствената тема која не смее да се спомене е бегството на мајка им со нејзиниот љубовник.
- Помладата сестра, бунтовната Ивет, се обидува да внесе малку свежина во монотониот провинциски живот. Тогаш го запознава Циганинот, кој ги буди нејзините први момински копнежи...
ЕДЕН ЧОВЕК И НЕГОВОТО КУЧЕ и КРВТА НА ВАЛСУНГОВИ
Томас МАН- Книга-предизвик за необичните духовни нишки што ги плетат живите суштества меѓу себе, или пак со кои ги обвиткува судбината.
- Од една страна е необичното пријателство меѓу еден човек и неговото куче, а од друга страна е чудната приказна за братот и сестрата – еротски интонирана и полна со скокотливи навестувања.
- Возбудата што ја носи ова четиво се зголемува со можноста за инцест која, како некаков Дамоклов меч, постојано виси над главите на нашите млади јунаци.
ДВОЈНИК
Фјодор М. ДОСТОЕВСКИ- Еден обичен човек од топлата – кој не се занимава со интриги, кој си ја гледа работата, а маска носи само кога има потреба, односно на маскенбал – одеднаш ќе се најде во еден необичен, туѓ свет во кој некој друг ја игра неговата улога.
- И додека се прашува дали сите околу него се маѓепсани од некаква нечиста сила, неговиот двојник бездушно ќе му ги грабне пријателите, работното место, станот, целиот негов живот.
- Ненадминат психолошки роман за раздвоената личност. Книга за бездните што се кријат во човековата душа.
Истории за војните и владетелите
Диктис Критјанинот, Псевдо-Калистен и Аноним- Диктис Критјанинот, Псевдо-Калистен и Аноним од прва рака ни нудат изобилство возбудливи податоци за битки и за владетели кои го смениле текот на историјата.
- Вистината за Тројанската војна, која го ревидира натприродното и чудесното, подвизите на ненадминатиот војсководец Александар Македонски кој го покорил светот, фантастичната приказна за Аполониј, необичниот крал од Тир.
- Драгоцено четиво за историчарите, но и за сите посветени читатели и трагачи по вистината.
Митолошки речник
***- Митолошкиот речник ви ги нуди највозбудливите ликови и приказни од светската митологија. Семоќни богови и божици, творци на светот, основачи на градови и народи, демони и волшебнички...
- Митовите одамна не се само свети приказни, туку се и извор на уметничката литература во целиот свет.
- И денес, во ерата на висок технолошки развој, прастарите јунаци од овие фантастични приказни ја разгоруваат фантазијата и продолжуваат да живеат во народната меморија – како сказни и архетипови.
Детинесто, но многу природно
Кетрин МЕНСФИЛД- Во расказите на Кетрин Менсфилд (1888–1923) се среќаваме со навидум толку вообичаени и секојдневни ситуации, со толку реалистично насликани ликови што речиси ги доживуваме како познајници.
- На прв поглед освојуваат човечките судбини и љубовта која не е секогаш возвратена и обострана.
- Расказите изобилуваат со живо обоени карактери, луѓе кои се готови да се борат до крај за љубовта, но и такви кои се плашат да ризикуваат, кои не се подготвени за неа, кои ја изгубиле некаде по патот кон неа самата и скршнале по нејзините споредни патеки.
Дневникот на заводникот
Сорен КЈЕРКЕГОР- Ова дело на егзистенцијалистот Сорен Кјеркегор (1813–1855) е производ на односот со неговата свршеница, десет години помладата Реџина Олсен. Иако меѓу нив постоеле длабока приврзаност и љубов, тој ја прекинал свршувачката една година по нејзиното објавување.
- Но по овој настан Олсен станала муза за него и инспирација за неговото творештво. Обидот да го изнесе во писмена форма она што го сметал за погрешно во целата врска со Олсен му ја открива тајната на „индиректната комуникација“.
- Тогаш Дневникот на заводникот станува обид да се прикаже себеси како подлец и на тој начин да ја направи разделбата помалку болна за неа. Покрај бракот и односот на етиката и естетиката во него, во ова дело се преплетуваат и прашањата за стравот и строгоста на христијанството.
За љубовниците, тигриците и другиот плен
Џакомо КАЗАНОВА- Во своите мемоари, најозлогласениот љубовник во историјата, КАЗАНОВА (1725–1798), детално ги опишува своите интимни средби.
- Од заведувањето на една калуѓерка, под погледот на нејзиниот љубовник, до еротските палавштини во бањата со прекрасна млада девојка и ексцентрична старица, чие лудило вешто го искористува за да дојде до нејзиното богатство, сексуалните средби на Казанова изобилуваат со еротика и со хедонизам.
- Флертувањата, игрите во спалната и кратките врски – својствени за тогашните благородници – за Казанова отворале повеќе можности за задоволување на неговите сексуални апетити.
Дамата со камелии
Александар ДИМА-СИНОТ- Дамата со камелии е роман-сведоштво за моќта на љубовта, која не знае за никакви граници и која може од корен да го смени човековиот живот.
- Младиот Арман ќе ја засака убавата куртизана Маргерита и заради неа ќе ги запостави кариерата и семејството, вложувајќи го целиот свој живот во таа љубов.
- А Маргерита, која никогаш претходно не љубела без да и се плати, открива нов волшебен свет во неговите прегратки. И токму кога се чини дека тешката болест е победена и кога се исковани плановите за заедничката иднина, работите тргнуваат удолу...
Националсоцијализмот
Адолф ХИТЛЕР- Националсоцијализмот на Адолф Хитлер (1889–1945) е синтеза на најзначајните точки од програмата на Германската националсоцијалистичка работничка партија – државното уредување.
- Раскрстувањето со старите системи и верувања, проблемот на расата и на државјанството, воспитувањето на младината, улогата на личноста во водењето на државата...
- Антисемитската и антикомунистичка реторика на Партијата е причина за еден од најголемите вооружени судири во светската историја, кој повлекува ужасни човечки страдања и милиони жртви.
Гитанџали
Рабиндранат ТАГОРЕ- Длабоко доживеани и чувствителни, свежи и нови при секое читање. Како што ќе рече Јејтс во својот познат Предговор: „Доволно е да се прочита еден стих на Тагоре за да се заборават сите светски неволи“.
- Ненадминати медитативни бисери кои ги поврзуваат љубовта кон жената и кон природата, земната и небесната љубов.
- Многу повеќе од обични песни, тие се вистински оддишки на една напатена човечка душа која, во миговите на очај и разочараност од животот, се свртува кон духовното, кон Бога.
Синови и љубовници
Дејвид Х. ЛОРЕНС- Раскошно автобиографско дело во кое Лоренс ја излеал својата душа и отворено го опишал животот на своето семејство и сопственото момчештво. Кога ќе почнат проблемите на младата брачна двојка по згаснувањето на љубовта, разочараната мајка се свртува кон своите деца.
- Кога најстариот Вилијам ненадејно ќе почине, таа сите надежи ги вложува во помалиот, Пол Морел.
- Растејќи под нејзина закрила, задушуван од нејзината љубов, тој одвај ќе смогне сили да избега од нејзината сенка, дури и по нејзината смрт.
Синови
Франц КАФКА- Слика на тројца млади луѓе – синови на конкретни родители – фатени во еден пресуден миг од нивните животи.
- Тие тешко успеваат да се вклопат во големата авторитарна институционална машинерија – свесни се за нејзината апсурдност, но не се доволно силни да останат надвор од неа.
- Нивната болна осаменост и отуѓеност води до изолација поради нарушените меѓучовечки односи. Неизбежно доаѓа до длабок конфликт внатре, во човекот, и до криза на личноста. Илузорноста на надежта, на крајот, води до самоуништување.
Мојата вера
Херман ХЕСЕ- Широкиот дух на Хесе не прифаќа само едно верување. Тој отворено го критикува негативното во религиите, а го прифаќа позитивното – она што е насочено кон зголемување на човековата лична среќа и благосостојба.
- Иако Земјата никогаш нема да биде рај, Хесе верува во луѓето како во големи, чудесни можности. Наспроти очигледната бесмисла, верува дека животот сепак има некоја смисла. Секој во себе го слуша нејзиниот глас и секој треба да работи за нејзино остварување.
- Но таа постои единствено низ љубовта. Почитувајќи го библиското „Љуби го ближниот свој како самиот себе“, секој од нас може да допре до верувањето на Хесе – во луѓето, во законите на човештвото и во животот.
Кројцеровата соната
Лав Н. ТОЛСТОЈ- Секоја страница од Кројцеровата соната на великиот Лав Н. ТОЛСТОЈ (1827–1910) е обележана со непомирлив бунт кон востановените општествени норми, а пред сѐ, кон лажниот морал на побогатите општествени слоеви и кон бракот како наметната институција.
- Но, од друга страна, тука е и тажното прифаќање и покорување на судбината, понекогаш и против својата волја.
- Свесноста за сето тоа го наведува главниот јунак на злосторство. Тој не може, или не сака, да ги заузда сопствените импулси. А тие ќе го доведат до вистинско откровение на крајот, кога сѐ е изгубено.
Девијантна љубов
Сигмунд ФРОЈД- Како невропсихолог и основач на психоанализата, Сигмунд ФРОЈД (1856–1939) во оваа книга ни ги нуди своите највпечатливи ставови за скршнувањата од нормалната сексуалност на човекот.
- Од развојот на сексуалниот инстинкт во детството, преку изборот на љубовен објект, надминување на табуто за невиноста и провокативните согледувања на женската сексуалност, тој ги открива несвесните сили кои влијаат врз нашите секојдневни мисли и дејства.
- Неговите просветлувачки дискусии за начините на кои сексуалноста е секогаш психосексуалност — засекогаш ги променија начините на размислување за еротскиот живот и за психологијата на љубовта.
Марио и магионачарот
Томас МАН- Политичка алегорија која визионерски ја претставува блиската иднина – застрашувачките нацистички режими во Италија и во Германија.
- Арогантниот илузионист Чипола ги манипулира луѓето со своите хипнотизерски зборови и со ударите на камшикот, па тие му се потчинуваат и против својата волја. Иако им е јасно дека ги исмева, тие остануваат да го видат крајот.
- А тој е шокантен, иако предвидлив – згрозен од сопствената парализираност и сакајќи да си го одбрани повреденото достоинство, младиот Марио ќе го застрела магионичарот. Дали неговите истрели ќе ја разбудат маѓепсаната толпа?
Луѓето од Селдвил
Готфрид КЕЛЕР- Ова се најубавите страници на Келеровата проза. Селските Ромео и Јулија поради класичната, трагична љубовна приказна на двајца млади осудена од омразата на нивните татковци; Тројцата доблесни чешлари поради широката сатира на малограѓанштината; Намуртениот Панкрац поради благотворното дејство на поразот за доживување лична преобразба.
- Крајно реални ликови, како дел од нашето соседство. Робови на своите нагони и страсти кои упорно трагаат по посветла иднина.
- за жал, некои од нив не успеваат да го дофатат виножитото.
Така зборуваше Заратустра
Ниче- Така зборуваше Заратустра е една од најчитаните книги во светската литература, која побудила безброј коментари и студии.
- Таа е врв на творечкиот опус на радикалниот германски филозоф Ниче (1844–1900), неповторлива комбинација од поезија и метафизика, ремек-дело на човечката имагинацијата. Стариот шаман слегува од планините, меѓу луѓето, за да научи нешто од нив, но и да им го подари своето знаење.
- Тој е во потрага по човек рамен на себе, во потрага по натчовек! Како самосвесна алузија на Библијата, Заратустра кажува вистини за суштината, за универзумот, за животот, за човекот и натчовекот, за љубовта...
Интермецо
Tомас Харди- Што ќе се случи ако за миг замижиме пред реалноста и пред разумот? Според Томас ХАРДИ (1840– 1928), една кратка пауза, едно мало свесно или несвесно скршнување од патот, може целосно да го пренасочи текот на нашиот живот.
- Потребен е само еден мал, безначаен и навидум бизарен настан за да предизвика бура и да нѐ фрли во вителот на искушението.
- Еден краток миг може да ја смени нашата судбина. Тоа е доволно за да престанеме да бидеме она што сме биле претходно, вчера или до пред еден час, па да сфатиме дека и самиот живот е една мала пауза, станица на патот кон вечноста.
Уметноста на војувањето
Сун ЦУ- Уметноста на војувањето на кинескиот филозоф, воен стратег и генерал Сун ЦУ (544–496 пр. н.е.) е најпознатото воено дело во историјата на човештвото.
- Цели два милениума тоа влијаело врз источната воена мисла, а од ХХ век целосно ги изменило западните ставови за војувањето и за дипломатските и меѓучовечките односи. Тоа не содржи ниту една застарена максима или нејасно упатство.
- Внимателно прочитајте го и сите современи книги кои зборуваат за управување со државата нема да ви изгледаат достојни за внимание!
Принципи на филозофијата
Рене ДЕКАРТ- Принципи на филозофијата е едно од најзначајните дела на човековата мисла.
- Во него таткото на модерната филозофија Рене Декарт (1596–1650) ги дава основите на човековото знаење и на неговата моќ за правилно разбирање на нештата.
- Размислувајќи за сѐ што нѐ опкружува, а раководејќи се од принципот за методолошко сомнение, тој дава одговори на вечните прашања – постоењето на Господ, бесмртноста на душата, реалноста на надворешниот свет, дострелите на човековиот разум, моќта на предрасудите...
Медитации
Марк АВРЕЛИЈ- Човечкиот живот е миг, но суштината на тој живот е вечен тек; структурата на нашето тело е трошна, а душата е непостојана; судбината е загатка, славата е несигурна...
- Така пишува римскиот цар-филозоф Марк АВРЕЛИЈ (121–180) во своите Медитации, своевиден дневник што го водел како разговор со самиот себе на воените походи.
- Во него дава верна слика на својата душа, како уметник кој им го остава сопствениот портрет на потомците.
Гертруда
Херман ХЕСЕ- Според Херман ХЕСЕ (1877–1962), она што вистински го сакаме, можеме и да го постигнеме. Така, младиот Кун детската љубов кон музиката ја претвора во своја професија, па музиката му станува верна придружничка во текот на целиот негов живот.
- Но, за жал, тој нема толку среќа и во љубовта. Жената којашто ја сака се мажи за неговиот најдобар пријател...
- Сепак, и по сите животни трагедии, таа за него останува најубавата песна која одекнува чисто и гласно во неговите сништа.
Светот на сексот
Хенри МИЛЕР- Хенри МИЛЕР (1891–1980), американски писател и уметник, вистински месија на еротската проза, не признава неприродни граници и наметнати правила во животот. Неговото дело се одликува со нихилизам кон цивилизацијата, но со љубов кон човекот.
- Сексуалната фантазија, збогатена со циничен хумор, се вклопува во описот на денешното хаотично и неодговорно однесување на луѓето надвор од нивните „регуларни“ занимања.
- „Човековиот дух е како река која се стреми кон морето – вели тој. – Не осудувајте го човекот поради неговите испади, осудете ја моќта на животот!“
Забранети задоволства
АБЕЛАР и ЕЛОИЗА- Приказната за францускиот филозоф АБЕЛАР (1079–1142) и за неговата остроумна ученичка ЕЛОИЗА (1101–1162) е запаметена низ времето како еден од најдраматичните и најпознатите љубовни скандали.
- Низ нивните страсни преписки е предаден развојот на нивната романса – од нејзиниот безгрижен занесен почеток до јавниот скандал, принудниот таен брак и трагичните последици што ги предизвикал.
- Во слаткоречивите интимни писма е претставена широка палета на емоции, од воодушевување до обвинување, од огорченост до болување, низ кои е насликан и религиозниот живот во средниот век.
Олинтики и Филипики
ДЕМОСТЕН- ДЕМОСТЕН (384–322 пр. н.е.) бил најголемиот оратор на античка Грција. Неговите беседи се одликувале со висока книжевно-уметничка вредност и давале увид во современите политички и културни случувања.
- Олинтики и Филипики се сметаат за негови најдобри политички говори, насочени против македонскиот крал Филип II и неговата експанзија, со кои ги критикувал Атињаните и ги повикувал на одлучна акција.
- Но и по цена на својот живот, тој не успеал да го спречи ширењето на македонското влијание на југ и освојувањето на цела Грција.
КАТЕГОРИИ
Аристотел- Категориите на Аристотел (384–322 пр. н.е.) се врв на неговиот интелектуален дострел. Со невидена леснотија и со голема систематичност, тој нѐ воведува во класификацијата на сето она што постои во светот, подредено во десет категории.
- Делото се заокружува со употребата на „има“ – мало зборче кое го карактеризира современиот човек. „Едни зборови се изговараат според некоја врска, а други без врска“, вели Аристотел на едно место.
- Да можевме секогаш да внимаваме на нивната поврзаност, можеби немало да бидат кажани многу работи кои предизвикале големи човечки трагедии.
УБАВА КНИЖЕВНОСТ
НОБЕЛОВЦИ
Братство, Џон ГОЛСВОРДИ (1867–1933)
Покојниот Матеа Паскал, Луиџи ПИРАНДЕЛО (1867–1936)
Кнулп, Херман ХЕСЕ
Филозофија на слободното време, Херман ХЕСЕ
Под тркалото, Херман ХЕСЕ
Сказна за гејшите, Јасунари КАВАБАТА (1899–1972)
Плодови на гневот, Џон ШТАЈНБЕК (1902–1968)
Глувци и луѓе, Џон ШТАЈНБЕК
Недоразбирање, Албер КАМИ
Мачка и глушец, Гинтер ГРАС (1927)
Љубов во време на колера, Габриел Гарсија МАРКЕЗ
Хроника на една најавена смрт, Габриел Гарсија МАРКЕЗ
Есента на патријархот, Габриел Гарсија МАРКЕЗ
На полковникот нема кој да му пишува, Габриел Гарсија МАРКЕЗ
ГОЛЕМИ КЛАСИЦИ
Гилгамеш, НЕПОЗНАТ АВТОР (околу 1700 год. пр. н.е.)
Песна за кралот Нал, НЕПОЗНАТ АВТОР
Египетска книга на мртвите, НЕПОЗНАТ АВТОР (околу 1600 год. пр. н.е.)
Илијада, ХОМЕР (околу 850 год. пр. н.е.)
Одисеја, ХОМЕР
Рамајана, ВАЛМИКИ (околу 300 год. пр. н.е.)
Тибетанска книга на мртвите, НЕПОЗНАТ АВТОР
Исповеди, Св. АВГУСТИН (354–430)
Историја на моите несреќи, Пјер АБЕЛАР (1079–1142)
Мандрагола, Николо МАКИЈАВЕЛИ (1469–1527)
Изгубениот рај, Џон МИЛТОН (1608–1674)
Писма до ќерката, Мадам де СЕВИЊИ (1626–1696)
Небо и пекол, Емануел СВЕДЕНБОРГ (1688–1772)
Манон Леско, Опатот ПРЕВО (1697–1763)
Сентиментално патување, Лоренс СТЕРН (1713–1768)
Опасни врски, Шодерло де ЛАКЛО (1741–1803)
Капетановата ќерка, Александар ПУШКИН (1799–1837)
Чичко Горио, Оноре де БАЛЗАК (1799–1850)
Шагринска кожа, Оноре де БАЛЗАК
Клетници, Виктор ИГО (1802–1885)
Скарлетната буква, Натаниел ХОТОРН (1804–1864)
Херој на нашето време, Михаил Ј. ЛЕРМОНТОВ (1814–1841)
Стракови трева, Волт ВИТМАН (1819–1892)
Бедни луѓе, Фјодор Михајлович ДОСТОЕВСКИ
Записи од подземјето, Фјодор Михајлович ДОСТОЕВСКИ
Кротка, Фјодор Михајлович ДОСТОЕВСКИ
Севастополски раскази, Лав Николаевич ТОЛСТОЈ
Раскази, Лав Николаевич ТОЛСТОЈ
Козаци, Лав Николаевич ТОЛСТОЈ
Хаџи Мурат, Лав Николаевич ТОЛСТОЈ
Писма од мојата воденица, Алфонс ДОДЕ (1840–1897)
Среќниот принц, Оскар ВАЈЛД (1854–1900)
Раскази, Антон Павлович ЧЕХОВ (1860–1904)
Двобој, Антон Павлович ЧЕХОВ
Степа, Антон Павлович ЧЕХОВ
Кралот Иби, Алфред ЖАРИ (1873–1907)
МОДЕРНИ КЛАСИЦИ
Штрувелпетер, Хајнрих ХОФМАН (1824–1911)
Амбасадори, Хенри ЏЕЈМС (1843–1916)
Европејци, Хенри ЏЕЈМС
Бранот се враќа, Болеслав ПРУС (1847–1912)
Дракула, Брам СТОКЕР (1847–1912)
Писма до Тео, Винсент ВАН ГОГ (1853–1890)
Срцето на темнината, Џозеф КОНРАД (1857–1924)
Свеста на Ѕено, Итало ЗВЕВО (1861–1928)
Трагично чувствување на животот, Мигуел де УНАМУНО (1864–1936)
Временска машина, Херберт Џорџ ВЕЛС (1866–1946)
Војна на световите, Херберт Џорџ ВЕЛС
Добриот војник, Форд Медокс ФОРД (1873–1939)
Процес, Франц КАФКА
Пророк, Халил ЏИБРАН (1883–1931)
Љубовникот на леди Четерли, Дејвид Херберт ЛОРЕНС
Завеса, Агата КРИСТИ (1890–1976)
Десет мали црнци, Агата КРИСТИ
Фати го бранот, Агата КРИСТИ
Рашомон, Рјуносуке АКУТАГАВА (1892–1927)
Зелено, те сакам зелено!, Федерико Гарсија ЛОРКА
Пнин, Владимир НАБОКОВ (1899–1977)
Мери Попинс, Памела Л. ТРАВЕРС (1899–1996)
Малиот принц, Антоан де СЕНТЕГЗИПЕРИ (1900–1943)
Ноќта што умира, Исак АСИМОВ (1919–1992)
Дневник 1991-1993, Чарлс БУКОВСКИ (1920–1994)
Пророк, Френк ХЕРБЕРТ (1920–1986)
Муад Диб, Френк ХЕРБЕРТ
Егзорцист, Вилјам Питер БЛАТИ (1928)
Империја на сонцето, Џејмс Греам БАЛАРД (1930–2009)
Тивката жена Силвија Плат, Џенет МАЛКОМ (1934)
Најубавите љубовни писма, Урсула ДОЈЛ
НАУКА
ФИЛОЗОФИЈА
Филеб, ПЛАТОН (427–347 год. пр. н.е.)
Аrs poetica, ХОРАЦИЈ (65–8 год. пр. н.е.)
Преобразби, ОВИДИЈ (43–17 год. пр. н.е.)
Метаморфози или Златното магаре, АПУЛЕЈ (123/124–180)
Дијалектика на просветителството, Макс ХОРКХАЈМЕР и Теодор АДОРНО (1903–1969)
Учењето на дон Хуан, Карлос КАСТАНЕДА (1925–1998)
Моќта на тишината, Карлос КАСТАНЕДА
Орловиот дар, Карлос КАСТАНЕДА
Уметноста на сонувањето, Карлос КАСТАНЕДА
Вториот круг на моќта, Карлос КАСТАНЕДА
Филозофија на уметноста, Гордон Греам
ПСИХОЛОГИЈА
Пренос, Сигмунд ФРОЈД (1856–1939)
Психологија на сонот, Сигмунд ФРОЈД
Општи сознанија за неврозата, Сигмунд ФРОЈД
Сонот, Сигмунд ФРОЈД
Патишта на симптоматската творба, Сигмунд ФРОЈД
Неугодното во културата, Сигмунд ФРОЈД
Развојот на симптомите, Сигмунд ФРОЈД
Параноја и хомосексуалност – случајот Шребер, Сигмунд ФРОЈД
Психоанализа и религија, Ерих ФРОМ (1900–1980)
Патот на успехот и самодовербата, Ноел БАТЕН
АНТРОПОЛОГИЈА
Златна гранка, Џејмс Џорџ ФРЕЈЗЕР (1854–1941)
Од Дарвин до Хитлер, Рихард ВАЈКАРТ
ИСТОРИЈА
Александар и Цезар, ПЛУТАРХ (46–119)
Јулиј Цезар, Џејкоб АБОТ (1803–1879)
100 загатки на историјата, Николај Николаевич НЕПОМЊАШТИЈ
Древниот свет: Грчка уметност, Бернард ЕШМОЛ (1894–1988)
Древниот свет: Кипарска, етрурска и римска уметност, Бернард ЕШМОЛ
Хитлер и неговото опкружување, Светлана ДВОРНИЧЕНКО
Грчка митологија, Феликс ГИРАН и Жоел ШМИТ
ПУБЛИЦИСТИКА
Сеќавање на иднината, Ерих фон ДЕНИКЕН (1935)
Враќање кон ѕвездите, Ерих фон ДЕНИКЕН
Масонерија, Ралф ЕПЕРСОН
БЕЛАТА ГУЛАБИЦА
ПРВО КОЛО
1. Луѓето од Селдвил, Готфрид КЕЛЕР
2. Мојата вера, Херман ХЕСЕ
3. Дамата со камелии, Александар ДИМА
4. Нежна е ноќта, Скот ФИЦЏЕРАЛД
5. Синови, Франц КАФКА
6. Синови и љубовници, Дејвид Х. ЛОРЕНС
7. Еден човек и неговото куче, Томас МАН
8. Марио и магионичарот, Томас МАН
9. Двојник, Ф. М. ДОСТОЕВСКИ
10. Гитанџали, Рабиндранат ТАГОРЕ
* Од печат излегуваат до крајот на 2012
MAGNA IDEA
ПРВО КОЛО
1. Уметноста на војувањето, Сун ЦУ
(Излезена од печат, во продажба)
2. Категории, Аристотел
(Излезена од печат, во продажба)
3. Олинтики и Филипики, Демостен
(Излезена од печат, во продажба)
4. Медитации, Марк АВРЕЛИЈ
(Излезена од печат, во продажба)
5. Владетелот, Николо МАКИЈАВЕЛИ
(Излезена од печат, во продажба)
6. Градот на сонцето, Томазо КАМПАНЕЛА
(Излезена од печат, во продажба)
7. Принципи на филозофијата, Рене ДЕКАРТ
(Излезена од печат, во продажба)
8. Специјална теорија на релативноста, Ајнштајн
9. Општа теорија на релативноста, Ајнштајн
10. Црвената книшка, Мао ЅЕДУНГ
* Од печат излегуваат до крајот на 2012
ВТОРО КОЛО
11. Tао те чинг, Лао ЦЕ
12. Утопија, Томас МОР
13. За пријателството, Мишел МОНТЕЊ
14. Општествен договор, Жан Жак РУСО
15. Гетисбуршкото обраќање, Абрахам ЛИНКОЛН
16. За потеклото на видовите (избор), Чарлс ДАРВИН
17. Комунистички манифест, МАРКС и ЕНГЕЛС
18. Така зборуваше Заратустра, Фридрих НИЧЕ
(Излезена од печат, во продажба)
19. Златна гранка, Џејмс Џорџ ФРЕЈЗЕР
20. Статусна потрошувачка, Торстен ВЕБЛЕН
* Од печат излегуваат до крајот на 2012
ТРЕТО КОЛО
21. Митолошки речник
22. Махабхарата
23. Истории за војните и владетелите, Диктис КРИТЈАНИНОТ, ПСЕВДО-КАЛИСТЕН, АНОНИМ
24. Да се угледаме на Исус, Томас КЕМПИСКИ
25. Етика, Барух СПИНОЗА
26. Здрав разум, Томас ПЕЈН
27. Лекции за уметноста, Џон РАСКИН
28. Ние, филолозите, Фридрих Ниче
29. Денови на читање, Марсел ПРУСТ
30. Националсоцијализмот, Адолф ХИТЛЕР
AMOR MAGNUS
ПРВО КОЛО
1. Интермецо, Томас ХАРДИ
(Излезена од печат, во продажба)
2. Забранети задоволства, Абелар и Елоиза
(Излезена од печат, во продажба)
3. Светот на сексот, Хенри МИЛЕР
(Излезена од печат, во продажба)
4. Кројцеровата соната, Лав ТОЛСТОЈ
5. Гертруда, Херман ХЕСЕ
(Излезена од печат, во продажба)
6. Дневникот на заводникот, Сорен КЈЕРКЕГОР
7. Девијантна љубов, Сигмунд ФРОЈД
8. За љубовниците, тигриците и другиот плен, Џакомо КАЗАНОВА
9. Детинесто, но многу природно, Кетрин МЕНСФИЛД
10. Девицата и Циганинот, Д. Х. ЛОРЕНС
* Од печат излегуваат до крајот на 2012
ВТОРО КОЛО
11. Романса, Кретјен ДЕ ТРОА
12. Приказни, Маркиз ДЕ САД
13. Љубов и пријателство, Џејн ОСТИН
14. Госпоѓица Скидери, Е. Т. А. ХОФМАН
15. Љубовни лекови, СТЕНДАЛ
16. Неточка Незванова, Ф. М. ДОСТОЕВСКИ
17. Дамата со кученцето, А. П. ЧЕХОВ
18. Тристан и Изолда, Жозеф БЕДИЕ
19. Привлечност, Скот ФИЦЏЕРАЛД
20. Убавина и тага, Јасунари КАВАБАТА
* Од печат излегуваат до крајот на 2012
ПЛАНИРАНИ НОВИ АВТОРИ
Штефан ЦВАЈГ
Андре ЖИД (нобеловец)
Франц ВЕРФЕЛ
Јуџин О`НИЛ (нобеловец)
Томас ЕЛИОТ (нобеловец)
Вилијам ФОКНЕР (нобеловец)
Хајнрих БЕЛ (нобеловец)
Петер ХАНДКЕ
Џорџ ОРВЕЛ
Тенеси ВИЛИЈАМС
Сол БЕЛОУ (нобеловец)
Дејвид СЕЛИНЏЕР
Норман МАЈЛЕР
Џон АПДАЈК
Варлам ШАЛОМОВ
Алберто МОРАВИЈА
Марио Варгас ЉОСА
Алекс ХЕЈЛИ
Криста ВОЛФ
Ромен ГАРИ
ВЕРО
ВЕРО ЦЕНТАР
ВЕРО ГТЦ
ВЕРО АЕРОДРОМ
ВЕРО ТАФТАЛИЏЕ
ВЕРО ЧАИР
ВЕРО 4 БИТОЛА
ВЕРО 6 БИТОЛА
ВЕРО ТЕТОВО
КОСМО ТИНЕКС
КОСМО ТИНЕКС (ЛЕПТОКАРИЈА)
КОСМО ТИНЕКС (ГТЦ)
КОСМО ТИНЕКС (ЗЕБРА)
КОСМО ТИНЕКС (КАЈ БЕКО)
КОСМО ТИНЕКС (КУМАНОВО)
КОСМО ТИНЕКС (ВЕЛЕС)
КОСМО ТИНЕКС (ПРИЛЕП)
КОСМО ТИНЕКС (СТРУМИЦА)
РАМСТОР
ЦЕНТАР
ТОПАНСКО ПОЛЕ
НОВО ЛИСИЧЕ
СУПЕР ТИНЕКС
СУПЕР ТИНЕКС - ГОДЕЛ
СУПЕР ТИНЕКС - ПРВОМАЈСКА
СУПЕР ТИНЕКС - ДРАМСКИ ТЕАТАР
ТИНЕКС - КУМАНОВО
ТЕДИКО СУПЕР
ТЕДИКО СУПЕР АЕРОДРОМ
ТЕДИКО СУПЕР БУТЕЛ (Ул. К. Т. КАРПОШ ББ)
ТЕДИКО СУПЕР ТАФТАЛИЏЕ
ТЕДИКО СУПЕР НОВО ЛИСИЧЕ
ТЕДИКО СУПЕР СКОПЈАНКА
ТЕДИКО СУПЕР ЈУЖЕН БУЛЕВАР
ТЕДИКО СУПЕР 1 ПРИЛЕП (Ул. ЈОСКА ЈОРДАНОВСКИ ББ)
ТЕДИКО СУПЕР 3 БИТОЛА (Ул. РУЖА ДЕЛЧЕВА ББ)
ТЕДИКО СУПЕР ГЕВГЕЛИЈА
ТЕДИКО СУПЕР ОХРИД
TOGETHER продажни мрежи
СКОПЈЕ 1 (АЕРОДРОМ)
СКОПЈЕ 2 (АМСМ)
СКОПЈЕ 3 (ЃОРЧЕ ПЕТРОВ)
СКОПЈЕ 4 (ПЛОШТАД ПЕЛА)
СКОПЈЕ 5 (БУЊАКОВЕЦ)
СКОПЈЕ 6 (КИСЕЛА ВОДА)
СКОПЈЕ 7 (ЗООЛОШКА)
ОХРИД 1 (Ул. Туристичка бб)
ОХРИД 2 (Ул. Климент Охридски бр. 68)
TOGETHER СТРУМИЦА
TOGETHER БИТОЛА
TOGETHER БИТОЛА, ПОДРУЖНИЦА 51
TOGETHER ПРИЛЕП
TOGETHER ШТИП
TOGETHER КУМАНОВО
TOGETHER КИЧЕВО
TOGETHER НЕГОТИНО
TOGETHER ТЕТОВО
TOGETHER ГОСТИВАР
TOGETHER ВЕЛЕС
TOGETHER СТРУГА
TOGETHER КРИВА ПАЛАНКА
TOGETHER КАВАДАРЦИ
TOGETHER РАДОВИШ
TOGETHER ГЕВГЕЛИЈА
ТУШ
ТУШ ВЕЛЕС (БРАКО)
ТУШ КУМАНОВО
ТУШ ШТИП
СП
РАСАДНИК
КАРПОШ 1
ТАФТАЛИЏЕ





































