За нас

Почитувани,

ЃУРЃА е првата независна издавачка куќа во Македонија. Првиот наслов под знакот на ЃУРЃА излезе од печат на 19 декември 1987 година. Тоа беше стихозбирката „Римјани“ од Паско Кузман, со цртежи на академскиот сликар Божидар Дамјановски. Оттогаш сме издале над 600 наслови од најразлични области.

Покрај изданијата од областа на психологијата и филозофијата, забележително место во продукцијата на ЃУРЃА имаат и над 30 монографии за ликовната уметност, преводните изданија од убавата литература, како и и наслови од домашни автори.

Во изминатите 20 години ЃУРЃА беше издавач на неколку списанија, меѓу кои меѓународното списание за култура „Lettre Internationale“, основано од Антонин Лим од Париз, „World Press Избор“ и енигматското списание „Кефало“.

Годишната продукција на ЃУРЃА изнесува седумдесетина книги од областа на белетристиката, уметноста, науката и публицистиката, распоредени во повеќе едиции.