Маркиз де САД
Маркиз де САД
(1740-1814)
Француски романсиер и писател чие вистинско име е Донатиен Алфонс Франсоа, гроф од Сад. Откако ја напуштил воената кариера, се оженил и водел живот полн со разврат и скандали со проститутки и локални млади луѓе коишто ги киднапирал, за што повеќепати бил затворан и едвај избегнал погубување. Двапати бил испратен во лудница, во Шарентон, каде што и умрел. Во затворот и во лудницата ги совладувал здодевноста и гневот со пишување на сексуално сликовити романи и претстави. Најпознати дела му се Сто и дваесет дена на Содома, Жастин, Јулија, Филозофија во будоарот, Злосторства од љубов и др.
Терминот садизам потекнува токму од неговата репутација и од неговите дела.















