МОЌТА НА ВИСТИНАТА

Искреноста е суштинска основа на секој силен карактер. Таа е компас на душата, чувар на совеста, пресудно мерило на исправноста. Вистината, пак, е најстарата од сите доблести. Кога еден човек ќе открие една голема вистина на природата, тој го има клучот за разбирање на милион појави; кога ќе зграби една голема вистина на моралот, тој во неа го има клучот за своето духовно пресоздавање.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

МОЌТА НА УМОТ

Mоќта на умот е монументално достигнување во науката за умот. Нејзината вредност денес е уште поизразена. Аткинсон открива дека свеста е обединета и сеприсутна и дека да ја насочиш свеста е да ја насочиш својата реалност, да избереш од гледиштата на твоите потенцијали, буквално да ја совладаш својата судбина. Пораката од оваа книга ќе допре до сите оние што слушаат, бидејќи човештвото еволуира низ својата духовна адолесценција. Аткинсон имал длабоко разбирање за моќта на умот и за тоа како да го управува, што е елегантно и јасно претставено во оваа безвременска книга.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

НАПРАВЕТЕ ГО СВОЈОТ ЖИВОТ РЕМЕК-ДЕЛО

Во кариерата на секое човечко суштество се крие потенцијално ремек-дело или ужасна, искривена мачканица. Кое и да го создадете, ќе биде закачено во галеријата на цивилизацијата. Тоа ќе биде изложено пред светот како отелотворение, доказ за значењето на сечиј живот. Каков човек ќе стане од вас, како ќе ве гледа светот, дали луѓето ќе ви се воодушевуваат и ќе ве почитуваат или ќе ве презираат – сето ова лежи во ваши раце. Без разлика каде ќе ве одвее ветрот, ниту една сила на земјава не може да ве спречи да станете човек со извонреден карактер. Оваа книга ќе ве научи како од вашиот живот да направите вистинско ремек-дело.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ОВАА СТРАНА НА РАЈОТ

Оваа страна на рајот  е увертира во блескавата и богата кариера на Фицџералд. Тој го прикажува животот на Ејмори Блејн низ неговите рани дваесетти години. Додека Ејмори се пробива меѓу дебитантите и принстонските студенти, тој е опкружен со ветување за сето она што беше ново во енергичната, немирна Америка. Ние ги доживуваме пловидбите на Ејмори, чувствувајќи ги поразите, длабоката љубов и тешките загуби. Неговиот раст до сексуална свесност и личност се одвива со континуирана импровизаторна енергија и радост. Откако ќе го прочитате овој роман, Фицџералд со сигурност ќе стане вашиот омилен писател.

500 ден
Брз преглед
Купете сега
Попуст!

ПОЗНАВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ – ДЕТЕТО И ОПШТЕСТВОТО

Тајната цел на детското однесување е иста со однесувањето на човекот во подоцнежни години. Поради тоа нашето внимание мора да се сврти кон детството, бидејќи согледавме дека ако сакаме да направиме некоја промена, треба најпрво да го пронајдеме и откриеме неговиот шаблон. Дознајте за детската фантазија, чувството на помала вредност и стремежот за важност и надмоќ, соништата, соживувањето, сугестијата…

700 ден 500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПОЗНАВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ ОДНОСОТ МЕЃУ ПОЛОВИТЕ

Човекот во исполнувањето на трите основни задачи на животот (љубов, професија и друштво), го покажува и стремежот да биде почитуван и надмоќен. Со тоа започнала поделбата на работата на посебни патеки, кои и денес прават човековата култура да биде одбележана со пресудната надмоќ на мажите која е пресудна врз влијанието на положбата на жената. Зошто по своја волја да одлучуваат за формите на живот и да го одредуваат начинот на животот на жените и какви се нивните предрасуди за ниската вредност на жената?

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПРАВОТО НА МАСОНСКИТЕ ЛОЖИ

Во оваа книга, на читателот му се претставува краток историски преглед на настанокот и развојот на устројството на Големите ложи, и начинот на кој таквите тела се првично организирани, кој ги сочинува нивните службеници и членови и кои се нивните признати права. Сѐ за законодавната, судската и извршната власт на Големата ложа.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПРАВОТО НА ПОЕДИНЦИТЕ МАСОНИ

Дискусија за правото кое ги раководи масоните во нивните групи, како составни делови на Големата и на подредените ложи во нивната индивидуална улога, дали во започнувањето на нивниот масонски живот, како кандидати за воведување, или, пак, во нивниот постепен напредок низ секој од трите степени, бидејќи секој  масон, како што ги презема новите и дополнителни обврски и добива поголемо разбирање, така тој стапува на нови задачи и му се даваат нови права и привилегии.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПРЕСВРТИ ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ

Според Штајнер, земјата е казан на космичка еволуција и земјината еволуција се остварува преку човештвото. Постојат пет пресвртни точки, или критични, преобразни моменти, а на секоја од овие точки ѝ соодветствува по една личност: Заратустра, Хермес, Мојсеј, Илија и Буда. Во нив, Штајнер дава прекрасни гледишта за езотеричната историја и ги покажува извонредните начини според кои е водена спиритуалната еволуција во подготовката за Исусовото појавување на земјата.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПРИКАЗНАТА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ

Приказната од милион долари е неговиот најпознат криминалистички роман. Главниот лик e новинарот Џон Сендс кој ја открива тајната за венчавката на осуденичката Маргарет и на еден милионер кој е пронајден мртов. Тој помага во истрагата, но во исто време таа му е инспирација за да напише приказна од милион долари, која ќе го спаси од сиромаштијата. Романтика и мистерија, со класични пресврти и неизвесност, романот го задржува вниманието до последната страница. Шармантно и интересно четиво, а читателите ќе уживаат во секоја страница и во среќниот крај.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПРИКАЗНИ ОД ЕРАТА НА ЏЕЗОТ

Фицџералд, во оваа збирка раскази го прави она што го прави најдобро: дава прекрасна сатира од неговиот период која во исто време е и оптимистичка и брза и покрај цинизмот кој демне под неа. Книгата изобилува со хумор кој е претставен во форма на апсурдност, а има и мали иновации и неочекувани детали што ви го задржуваат вниманието. Ликовите се впечатливи и остануваат со вас дури и кога ја затворате книгата.

Во Приказни од ерата на џезот ќе ги прочитате познатите раскази на Фицџералд: Мојата последна девојка, Шеќерна бонбона, Фантазии, Трошки среќа, но и неговиот прочуен и филмуван расказ Необичниот случај на Бенџамин Батон. Приказни што ви го одземаат здивот. Уживајте!

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПРОБЛЕМАТИЧНОТО ДЕТЕ

Кога ќе погледнеме едно дете, знаеме дека во него не постои ништо лошо. Тоа во себе носи животна сила. Неговата волја, односно неговата несвесна потреба, е да живее. Неговата животна сила го поттикнува да јаде, да си го истражува телото, да си ги задоволува желбите. Но, секој родител го учи своето дете како да живее. Наскоро детето се соочува со цел еден систем на забрани. Ова е лошо, она е валкано, тоа е себично. Така, детето се судира со гласот на подучувањето и верува дека моралното подучување е тоа кое детето го прави лошо. Затоа, потребно е да се разберат желбите на детето, да се дознае зошто детето изразува љубов, омраза или љубомора, зошто станува мрзеливо и најважно од сѐ, како ние можеме да ја примениме психологијата за да му помогнеме. Книга која ќе ви помогне вистински да го запознаете своето дете и да  изградите квалитетна врска со него.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПРОДУКТИВНО РАЗМИСЛУВАЊЕ

Оваа книга е од фундаментална важност за вистинско разбирање на продуктивното размислување. Водејќи го читателот низ повеќеслојното тело на мислата, Вертхајмер ги истакнува продуктивните наспроти автоматските мисловни процеси и нивните ефекти во многу области од животот. Се состои од многу креативни процеси на размислување, меѓу кои и проблемот на фокусирањето, како најзначаен фактор за размислувањето, најпродуктивните игри во училиштето, а вклучена е и познатата задача која Вертхајмер му ја испратил на познатиот научник Алберт Ајнштајн. Ова е учење кое малите умови нема да ги вежба едноставно да го запомнуваат она што го мислеле големите умови, туку ќе ги вежба самите да станат големи.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПСИХОЛОГИЈА И ПОЛИТИКА

В. Х. Р. РИВЕРС рекол: „Не можам да верувам дека политичките проблеми се разликуваат од оние во секој друг аспект на општествениот живот по тоа дека не можат да се решат со научни методи.“ Ваквото верување го поттикнало да одржи предавања за психолошката теорија на универзитетите, во бројни училишта и здруженија во Велика Британија и во Америка, а кои се отпечатени во оваа книга – сигурно највпечатлив облик на обраќање до парламентарните избирачи во историјата на политиката!

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПСИХОЛОГИЈА НА ЕМОЦИИТЕ

Најважното дело на Теодул Рибо за афективниот живот и почетна точка на сите негови понатамошни дела на оваа тема е Психологија на емоциите. Во него, тој се обидел да го стави на вистинското место проучувањето на чувствата и емоциите и да се бори против одреден интелектуализам. Основната идеја е дека афективниот живот доаѓа пред интелектуалниот живот, а чувството е примитивен факт и не зависи од идеите. Ова е основно четиво за емоционалната психологија. Научете сѐ за природата на емоцијата, помнењето на емоциите, сочувството и нежните емоции, егото и неговите емоционални манифестации, сексуалниот инстинкт, интелектуалното чувство…

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПСИХОЛОГИЈА НА ЉУБОВТА

Најзначајните дела на Фројд за љубовта и сексуалноста. Оваа книга нуди вистински пристап кон механизмот на љубовта и ги спојува главните придонеси на Фројд во психологијата на љубовта. Неговите дискусии дека не постои сексуалност без фантазија, свесно или несвесно, ни ги менуваат социјалните, културните и интелектуалните ставови кон сексуалниот живот.  Психологија на љубовта е четиво кое е од суштинско значење, а ги содржи познатиот случај на Дора, Трите расправи за сексуална теорија, „Дете е тепано“ , За универзалната тенденција за деградација во сферата на љубовта, Табу за девственоста итн.

 

 

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПСИХОЛОГИЈА НА ТОЛПАТА

Психологија на толпата е најпознатата и најчитаната книга на Гистав ле Бон. За него толпата значи организирана општествена структура, во која се формира колективната свест и во која индивидуалноста на поединци потенцијално се губи… Ле Бон е еден од првите кој го истражуваше односот помеѓу толпата и политичките институции, парламентаризам, демократијата и лидери. Тој тешкиот проблем на мнозинството, го објаснува исклучиво на научна основа, занемарувајќи ги разновидните мислења, теории и учења и смета дека само на таков начин може да се открие дел од вистината, особено кога се работи за прашањe кое ги окупира душите.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПСИХОПАТОЛОГИЈА НА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

Во 1915 година, на Универзитетот во Виена, Фројд ги одржал овие предавања за психоанализа, посочувајќи на интеракцијата на несвесни и свесни сили во рамките на индивидуалните психи. Фројд верувал дека различните отстапувања од стереотипите на секојдневното однесување – навидум ненамернo заборавање на зборови, случајни движења и акции – се манифестација на несвесни мисли и импулси и заклучува дека границата помеѓу нормалната и абнормалната човечка психа е нестабилна. Таквите симптоми можат да ги нарушат јадењето, сексуалните односи, редовната работа и комуникацијата со другите. Приказната за тоа како еднаш го заборавил името на еден познат италијански сликар, му е почетна точка на Фројд за да нѐ воведе во психоаналитичкото размислување со неговите извонредни толкувања.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

РАЗВОЈ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА КАЈ ДЕТЕТО

Мерењето на интелигенцијата е, можеби, најчесто повторуваниот израз во психологијата во последниве неколку години. Оваа значајна и денес актуелна книга дава извонредни податоци и материјали кои можат да ги расветлат интелектуалниот и моралниот карактер на децата. Авторите ја одредиле законитоста на интелектуалниот развој, успеале да пронајдат метод за мерење на интелигенцијата и да ја проучат различноста на нивните интелектуални способности, а благодарение на нивниот труд, родителите имаат можност да создадат претстава за детето во текот на неговиот развој. Задолжителна книга за секој родител!

500 ден
Брз преглед
Купете сега

САДАНА ИСПОЛНЕТ ЖИВОТ

Драг читателу, Садана е неверојатна збирка на духовни разговори кои ги водел Рабиндранат Тагоре со децата во неговото училиште во Болпур, Западен Бенгал. Со собраните мудрости од Истокот, Садана е една од најмудрите книги кои некогаш ќе ги прочиташ! Топло ја препорачуваме на сите кои се во потрага по духовна мудрост.

500 ден
Брз преглед
Купете сега