МЕЛОДИЈА НА СМРТТА

„ Гилберт Стандертон седеше напрегнато напнувајќи се да го лоцира звукот. Тоа беше Мелодија во Еф, што ја свири невидлив музичар. Имаше нешто трагично, нешто малку застрашувачко…“

Фасцинантен роман за еден млад човек кој откако ќе слушне одредена мелодија, започнува да се однесува мистериозно. Но дали таа мелодија со длабок татнеж на гласови, меки и тажни, кои де се слушаат, де се губат, која сјае и исчезнува како непостојана нишка од злато фатена во едноличното завивање на евтиниот живот навистина ќе му го смени животот? Возбудлива, интересна, интригантна, која е мистеријата што ја крие Мелодијата во Еф.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ОВАА СТРАНА НА РАЈОТ

Оваа страна на рајот  е увертира во блескавата и богата кариера на Фицџералд. Тој го прикажува животот на Ејмори Блејн низ неговите рани дваесетти години. Додека Ејмори се пробива меѓу дебитантите и принстонските студенти, тој е опкружен со ветување за сето она што беше ново во енергичната, немирна Америка. Ние ги доживуваме пловидбите на Ејмори, чувствувајќи ги поразите, длабоката љубов и тешките загуби. Неговиот раст до сексуална свесност и личност се одвива со континуирана импровизаторна енергија и радост. Откако ќе го прочитате овој роман, Фицџералд со сигурност ќе стане вашиот омилен писател.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПРИКАЗНАТА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ

Приказната од милион долари е неговиот најпознат криминалистички роман. Главниот лик e новинарот Џон Сендс кој ја открива тајната за венчавката на осуденичката Маргарет и на еден милионер кој е пронајден мртов. Тој помага во истрагата, но во исто време таа му е инспирација за да напише приказна од милион долари, која ќе го спаси од сиромаштијата. Романтика и мистерија, со класични пресврти и неизвесност, романот го задржува вниманието до последната страница. Шармантно и интересно четиво, а читателите ќе уживаат во секоја страница и во среќниот крај.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПРИКАЗНИ ОД ЕРАТА НА ЏЕЗОТ

Фицџералд, во оваа збирка раскази го прави она што го прави најдобро: дава прекрасна сатира од неговиот период која во исто време е и оптимистичка и брза и покрај цинизмот кој демне под неа. Книгата изобилува со хумор кој е претставен во форма на апсурдност, а има и мали иновации и неочекувани детали што ви го задржуваат вниманието. Ликовите се впечатливи и остануваат со вас дури и кога ја затворате книгата.

Во Приказни од ерата на џезот ќе ги прочитате познатите раскази на Фицџералд: Мојата последна девојка, Шеќерна бонбона, Фантазии, Трошки среќа, но и неговиот прочуен и филмуван расказ Необичниот случај на Бенџамин Батон. Приказни што ви го одземаат здивот. Уживајте!

500 ден
Брз преглед
Купете сега