Дознајте нешто повеќе за нас

првата независна издавачка куќа во Македонија

Кои сме ние

Наша историја

ЃУРЃА е првата независна издавачка куќа во Македонија. Првиот наслов под знакот на ЃУРЃА излезе од печат на 19 декември 1987 година. Тоа беше стихозбирката „Римјани“ од Паско Кузман, со цртежи на академскиот сликар Божидар Дамјановски. Оттогаш сме издале над 600 наслови од најразлични области.

Продукција

Покрај изданијата од областа на психологијата и филозофијата, забележително место во продукцијата на ЃУРЃА имаат и над 30 монографии за ликовната уметност, преводните изданија од убавата литература, како и и наслови од домашни автори.

Традицијата продолжува и понатаму

Во изминатите 25 години ЃУРЃА беше издавач на неколку списанија, меѓу кои меѓународното списание за култура „Lettre Internationale“, основано од Антонин Лим од Париз, „World Press Избор“ и енигматското списание „Кефало“.

Годишната продукција на ЃУРЃА изнесува седумдесетина книги од областа на белетристиката, уметноста, науката и публицистиката, распоредени во повеќе едиции.

Основното правило

Основното правило во функционирањето на ЃУРЃА е сета заработка од книгите да ја вложиме во нови изданија.

Читателите на прво место

За нас најважни сте Вие читателите, секој љубител на пишаниот збор е топло добредојден да не посети и да ја почувствува пријатната атмосфера која владее, како и топлината која произлегува од секоја полица, рафт или книга, нескромно наметнувајќи се на нејзините верни читатели.