АФЕРАТА МИС СТОН
Есента 2014 година Дарко Митревски и неговата американска продуцентка го најавија снимањето на неговиот нов филм, посветен на историски настани: грабнувањето на Мис Стон – првата заложничка криза во американската историја. Филмот требаше да биде и првата американско-македонска филмска копродукција… која никогаш не се оствари. Зошто и како, можеби подетално ќе дознаеме во некоја друга прилика. Засега на читателот му нудиме нешто многу повредно: оригиналното сценарио за филмот, со неколку сториборд-скици нацртани од самиот автор.
БЕГСТВО ВО БУДИМ
Оваа книга е една од најдобрите класици од чешката книжевна ризница, која има моќ да инспирира дури и денес поради разбирливиот и модерен дискурс што ја прави актуелна и блиска до современиот читател. Кога раскажува Ванчура, тоа го прави со љубов. А љубовта ги објаснува сите мистерии и ги поништува сите други закони. Покрај љубовта како основа за одредени животни одлуки, главната линија на акција во оваа книга се неуспешните соништа. Романот го следи животот на Јана, млада студентка која живее во Прага и бега со нејзиниот љубовник во Будим. Нејзиното бегство и напуштањето на нејзината мајка ги изненадува и ги разочарува сите. Но, откако се мажи за својот сакан, таа наскоро сфаќа дека љубовта не е доволна за да се обезбеди среќа…
БУНТОТ НА АНГЕЛИТЕ
Секоја личност може да ги развие своите позитивни моќи, чие семе се наоѓа во потсвесниот ум. Овие позитивни сили ќе ви овозможат да ги добиете работите што ги сакате и да станете она што би сакале да бидете – покрај она што го имате и веќе сте. Потсвеста постојано работи на изразување на вашите најдлабоки верувања и желби. Таа е верен слуга што обновува, води и инспирира, но за да се извлече максимумот, потребно е големо почитување и верба во себе. Вашиот живот е вашето размислување – и резултат на вашите процеси на размислување. Несомнено, станувате она што го замислувате. Верувањето е мотивирачка сила што ви овозможува да ја постигнете целта. Не сомневајте се дека во верувањето има вистинска магија!
ВЛАДЕЕЊЕ СО СЕБЕСИ
Владеењето со себеси ја подразбира моќта да се постигне најмногу и најдоброто од себе, а искористувањето на оваа моќ, всушност, ја претставува вистинската цел на самоконтролата. Само животот кој се живее со владеење со себеси е вреден за живеење. Човекот е создаден за достигнувања – тоа е целта на неговиот живот. За да ја постигне оваа цел, мора постојано да напредува во владеењето со самиот себе. Оваа книга ќе ве натера да се вратите еден чекор наназад, да размислите за својот живот, да ја разберете моќта на волјата, моќта на самоконтролата и самопочитувањето. Постигнете го најдоброто од себе и инспирирајте ги другите!
ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ
Овде Хорнај ги опишува различните типови на личности и на конфликти. Укажува на тоа дека поголемиот број луѓе поминуваат низ различен број конфликти и дека сите употребуваат различни одбранбени механизми во однесувањето и во справувањето со сопствените немири. Така, личноста може во една ситуација да биде питома, а во друга агресивна или повремено да се повлече од светот во тишина и во изолација. Хорнај дава акцент на тоа како личноста одлучува да побара помош кога клучните функции на животот се во опасност. Книга за смирување на внатрешните конфликти и за пронаоѓање на вашиот спокој!
ВОВЕД ВО ПСИХОАНАЛИЗА
Дел од предавањата за вовед во психоанализа кои Фројд ги одржал на различни факултети на Универзитетот во Виена. Никогаш не објавил учебник, па затоа овие предавања се смета дека се најблиску до тоа. Во нив ќе дознаете сѐ за исполнувањето на желбите, несигурностите и критиките, либидото и нарцизмот и за детските соништа.
Ќе се уверите зошто оваа книга го носи епитетот најчитано дело на брилијантниот Фројд.
ВОДИЧ ЗА ЗДРАВЈЕ
Ганди вели дека оваа книга не содржи ни збор во којшто тој не верува или што не произлегува од неговото лично искуство. Според него, клучот на здравјето лежи во многу неопходни нешта, а чистиот воздух, чистата вода и здравата храна имаат огромен удел во нашето здравје. Но, како ќе бидеме здрави ако го потрошиме сето здравје што сме го постигнале? Како да не бидеме питачи ако ги потрошиме сите пари што сме ги заработиле? Несомнено е дека мажите и жените не ќе можат никогаш да бидат силни или полни со енергија ако не се придржуваат до законите на здравјето објаснети во оваа книга. Но, кога болестите ќе нè нападнат, следниве поглавја ќе ни покажат како да се бориме.
ВОЛШЕБНИОТ АПРИЛ
Во лондонскиот Тајмс се појавува оглас дека еден мал италијански средновековен замок е слободен за изнајмување во април. Четири жени, со различни карактери, се јавуваат на огласот, за да избегаат од тмурниот Лондон и да уживаат на италијанското сонце. Дозволете си убавината на Италија да ве маѓепса читајќи го овој интересен и волшебен роман.
ДЕТСКА ПСИХОЛОГИЈА И ИСПИТУВАЊЕ НА НЕВРОЗИ
Сите негови писма, главни доктрини и афоризми ги сместивме во книгата „Уметноста на среќата“. Како ја постигнуваме среќата? Читајќи ја оваа книга, ќе откриете дека среќата е задоволство, дека лажните верувања водат кон болка, дека постојат потребни и непотребни желби и дека среќата не е само за поединецот, туку таа може да се постигне во општество каде што истомислениците се здружуваат и еден со друг се инспирираат да одат во потрага кон среќа. Епикур полека ќе ве води во вашата потрага по среќа, која, пак, е клуч за исполнет и среќен живот.
ДЕЦАТА НА КОМУНИЗМОТ 1 >>> Маглите од Исток
Литерарната занимливост и уверливост ме одведе во нужно неистражени паралелни светови на разузнавачките служби, полициски и дипломатски тајни, ризици и авантури, каприци на моќните, лични и семејни драми и трагедии. Победниците и хероите, суверени јунаци и судии на историјата, литерарно најчесто делуваат неинтересно, извештачено и лажно, за разлика од победените, отстранетите, исклучените, оние кои се малцинство – отфрлени грубо како непријатели на народот, предавници, немирници, колебливци, незадоволни и неистомисленици. Личности кои, кога грмеше, погрешно ја проценија политичката ситуација, односот на силата, заиграа на послабата карта или невнимателно трчаа како прле пред магаре.
Миломир МАРИЌ секогаш се обидуваше да го открие она што другите сакаа да го скријат. Упорно обидувајќи се да ги разоткрие заблудите и табуата на југословенскиот комунистички систем, авторот помина речиси една деценија собирајќи скриени и необјавени историски материјали од домашните и странските архиви. Контроверзната книга Децата на комунизмот, која предизвика бурни реакции во тогашната југословенска јавност кон крајот на 1980-тите, е резултат на оваа долгогодишна работа.
„Мариќ ѝ припаѓа на бестрашната генерација што виде во што се претворија нашите убави соништа и идеали!“ – Владимир Дедијер
„Децата на комунизмот е приказна за револуционерната авантура, раскажана во еден примерен жанр – акција. Пред нас се појавуваат личностите со своите доблести и мани, победи и порази, уверувања и заблуди, вистини и лаги. Ни ангели, ни ѓаволи. Просто луѓе на кои им се пружила прилика, или сами ја создале, во тешки периоди во историјата да одиграат важна и далекосежна улога.“ – Љубомир Кљакиќ
ДЕЦАТА НА КОМУНИЗМОТ 2 >>> Луѓе на новата доба
Добрица Ќосиќ често ме прекоруваше дека сум ѝ забил нож во грб на неговата генерација.
Живојин Павловиќ напиша инспиративен есеј за мојата политичка порнографија.
Насекаде ме фалеа Данило Киш и Мирко Ковач.
Единствено Милован Данојлиќ ме напаѓаше три дена по ред на француското радио во Париз.
Никој не можеше да поверува дека некој моќен не стои зад мене и дека низ животот ме водат исклучиво лудата глава и чистата љубопитност. Во самоодбрана за случајно да не ме откријат и едноставно да ме тргнат, никогаш не демантирав дека работам за сите можни домашни и странски разузнавачки служби, затоа што таквите сомнежи долго ми беа практично единствената заштита.
ДУШАТА НА ДЕТЕТО 1
Основната потреба на детето по раѓањето е потребата за храна. Затоа поголемиот дел од либидото е катхезиран во областа на устата. За време на доењето, детето го смируваат со галење, лулање, глупаво бебешко зборување, пеење песнички. Сите овие странични ритуали помагаат да се намали тензичноста и се поврзуваат со новороденчето во процесот на хранење. Тоа покажува задоволство од цицањето не само на градата, туку и на други предмети кои имитираат гради (цуцла, прст, играчки). Така устата е првата област на организмот која е подредена на детето и која му овозможува огромно задоволство. Според Фројд, сето ова се совпаѓа со „оралната фаза“ од сексуалниот развој.
ДУШАТА НА ДЕТЕТО 2
Основната потреба на детето по раѓањето е потребата за храна. Затоа поголемиот дел од либидото е катхезиран во областа на устата. За време на доењето, детето го смируваат со галење, лулање, глупаво бебешко зборување, пеење песнички. Сите овие странични ритуали помагаат да се намали тензичноста и се поврзуваат со новороденчето во процесот на хранење. Тоа покажува задоволство од цицањето не само на градата, туку и на други предмети кои имитираат гради (цуцла, прст, играчки). Така устата е првата област на организмот која е подредена на детето и која му овозможува огромно задоволство. Според Фројд, сето ова се совпаѓа со „оралната фаза“ од сексуалниот развој.
ЕВРЕЈСКОТО ПРАШАЊЕ, РАСАТА И ХРИСТИЈАНСТВОТО
Сè што ќе прочитате во оваа книга го напишал или го изговорил Адолф Хитлер за двете теми кои му биле меѓу најомилените: Еврејското прашање и христијанството.
Во првиот дел на книгава се запишани цитати од книгата „Мојата борба“ во кои Хитлер детално ги изнесува своите ставови за еврејското прашање и за расата, односно, расната теорија. Првиот дел од книгата, „Биланс“, од печат излезе во 1925 година, а вториот 1926 година под наслов „Националсоцијалистичко движење“.
Во вториот дел на книгава ќе се запознаете со тоа што Хитлер за двете теми го изнел во своите говори одржани на различни места на собири, митинзи и други официјални прилики во периодот од 9 ноември 1921 до 4 мај 1941 година.
Третиот дел им е посветен на неслужбените разговори на Хитлер со неговите најблиски соработници во периодот од 1941 до 1944 година. Во нив, меѓу другото, Хитлер честопати се навраќал на темата за христијанството, односно против христијанството. Белешките од разговорите ги направил Хајнрих Хајм кој присуствувал на дружењето на Хитлер со блиските соработници. Тој му бил помошник на блискиот соработник на Хитлер, Мартин Борман. Подоцна него го заменил Хенри Пикер кој бил доверлив човек на Борман. Сите тие разговори Пикер ги отчукал на машина за пишување, а Мартин Борман со својот потпис ја потврдил нивната автентичност. Тие записи прв пат се појавиле во 1951 година. Тогаш и Албет Шпер, еден од најблиските соработници на Хитлер, ја потврдил нивната оригиналност. Инаку, Хитлер во приватно опкружување бил познат по тоа што сакал да „филозофира“ за сè и сешто. Неговите соработници, генералите со часови трпеливо седеле и ги слушале неговите монолози.
Едукација на децата
Секое дете кое доаѓа на овој свет има право да стане толку големо и да постигне онолку колку што ќе му дозволат најдобрите можности. Нека сфати дека е тука за голема мисија. Набргу ќе почне да чувствува одговорност и ќе посака да знае како најдобро да ја исполни и спроведе целта на својот живот. Како да се разговара со децата е голема уметност. На најпозитивен начин кажете му дека може да биде она што се стреми или копнее да стане, и кажете му зошто. Објаснете му ги возвишените можности што постојат во него. Ќе го цени тој факт. Охрабрете го сè повеќе и повеќе да размислува за чудата на сопствениот живот. Во потсвеста на секој ум постои гениј. Охрабрете го да формира свои ментални ставови. Научете го дека неговиот живот е енергија во светот.
ЕРАТА НА ГОЛЕМИОТ ПОДЕМ
САД на крајот на Граѓанската војна ќе ја открие состојбата на општеството кое сосем малку наликува на ова денешното. Тогаш била земја без трансконтинентални пруги, без телефони, автомобили, облакодери, хотели во вредност од милион долари, тролејбуси, или илјада други изуми кои денес ги обезбедуваат удобноста и комфорот на она што го нарекуваме американска цивилизација. Преку разговор со бизнисмените од тој период можеме да ја дознаеме неверојатната индустриската приказна на САД за една голема економска трансформација каква што светот дотогаш не видел.
ЖИВОТНИ РАДОСТИ
Ова е едно од многуте охрабрувачки списи од Марден. Најинспиративната книга што некогаш ќе ја прочитате. Прв го промовира позитивното размислување, усогласувајќи го секојдневниот живот со можноста да се даде најдоброто од себе. Тој јасно зборува за ставот што е потребен за среќа и ги допира сите важни теми поврзани со живеењето среќен живот и ни покажува начин да ги водиме нашите животи мудро во која било област, од врски до работа. Книгата содржи многу непроценливи делови кои изобилуваат со мудрост што можеме да ги искористиме за да се инспирираме да го живееме нашиот живот најдобро што можеме. Марден е меѓу најдобрите „гуруа“ за среќа и личен успех. Одлична книга за вековната цел на живеење во моментот!
ЖИВОТОТ НА ПЧЕЛИТЕ
Овде Метерлинк ја изразува својата филозофија за човечката состојба. Во ова негово најпознато дело нуди брилијантен доказ дека „ниту едно живо суштество, па ни човекот, не го постигнало во центарот на својата сфера она што го постигнала пчелата“. Читателот се соочува со книга која според насловот може да се смета само како типична професионална пчеларска книга. Но, веќе со првите редови сфаќа дека е поинаку, а по понатамошното читање дека е сосема посебна и дека припаѓа на книгите што се читаат низ целиот живот и на кои постојано им се враќаме. Оваа книга е бисер меѓу делата посветени на пчелите и пчеларството, но и врвно книжевно дело. По сто години од нејзиното објавување, научните и практичните сознанија за пчелите многу се променија, но книгата го издржа целиот товар на времето и сè уште е многу актуелна.
ЗА ЗАГОВОРИТЕ
Бидејќи заговорите се со толку опасни последици, како за владетелите така и за обичните луѓе, Макијавели чувствува потреба да проговори за нивната природа, зашто многу повеќе владетели ги загубиле животите и своите држави на овој начин отколку во отворена војна, од причини што бројот на оние на кои им е дадена
можноста да започнат отворена војна против некој владетел е многу мал, додека заговор против него може да организира буквално кој било…
ЗА НЕРВОЗНИОТ КАРАКТЕР
Во оваа книга Адлер го прикажува резултатот од неговите проучувања и вели дека карактерните својства, нивниот принципиелен одраз во човековиот живот, според видот насоки за мислење, чувствување, сакање и дејствување се претставуваат како одбранбени механизми на човековата психа, кои поостро се истакнуваат штом некоја личност посака од фазата на несигурност да стигне до исполнување на своите фиктивни основни идеи. Овде Адлер вели дека индивидуалната психологија има значење на соблазнива мамка за душевниот живот, а зборува и за тенденцијата за обезвреднување, свирепост, совест, перверзија и невроза, самообвинување, самоизмачување, каење и за смислата на невротичарот за семеен живот.