Биографија

Слика на авторот

Алфред БИНЕ

Алфред БИНЕ (1857–1911) бил француски психолог. Се смета за пионер во тестирањето на интелигенцијата и основач на експерименталната психологија во Франција. Во 1905 г. Бине заедно со Теодор Симон го создале првиот тест на интелигенција со цел да ѝ помогнат на француската влада да развие програма за специјална настава за децата со интелектуална попреченост. Автор е на делата: Животен магнетизам, Внатрешна перцепција и др.