Биографија

Слика на авторот

Макс ВЕРТХАЈМЕР

Макс ВЕРТХАЈМЕР (1888–1943)
бил австро-унгарски психолог и еден од основачите на гешталт психологијата. Неговата работа има огромна улога во развивањето на експерименталната психологија и проучувањето на сензацијата и перцепцијата. Најпознат е по неговата книга Продуктивно размислување. Многу значајни личности присуствувале на комеморацијата одржана во негова чест, вклучувајќи го и познатиот научник Алберт Ајнштајн, што зборува за неговото енормно значење во развојот на науката. Неговите размислувања имаат важност и денес, и се употребливи во сите модерни структури на знаење.