Биографија

Слика на авторот

Едгар ВОЛАС

Едгар Волас (1875–1932) е еден од најплодните британски творци. Тој бил новинар, поет, сценарист, драматург и писател. Напишал осумнаесет драми, деветстотини педесет и седум кратки приказни, и над сто и седумдесет романи. Од неговите дела се снимени над сто и шеесет филмови. Неговите дела се продадени во повеќе од педесет милиони примероци во целиот свет. Весникот Економист го опишал како најплодоносниот писател на трилери на дваесеттиот век. Тој е првиот британски автор кој во своите криминалистички романи претставил полицаец како главен јунак и првиот кој станал синоним за криминалистички романи.