Биографија

Слика на авторот

Карен ХОРНАЈ

Карен ХОРНАЈ (1885–1952) психоаналитичар и една од најзначајните критичари на Фројдовата психоанализа, а посебно на делот за женската сексуалност. Дала своја теорија за невроза поврзана со културата. Најважен поим поврзан со теоријата на Хорнај е базична анксиозност, а пишува и за невротичните потреби кои се појавуваат поради базичната анксиозност. Нејзиното творештво го сочинуваат делата: Невротичната личност на нашето време,Нови методи во психоанализата, Неврозата и човечкиот развој и др.