ФАНТАЗИЈА
Безвременска приказна на единствената Серао. Моќна приказна за едно цврсто пријателство над кое се надвиснуваат темните облаци на страста и агонијата на љубовниот триаголник. Дали судбина на несреќните е обично да доживеат весел почеток, но премногу тажен крај?
Малкумина се оние кои среќата ги испраќа до прагот. Колку е учтива кон оние што доаѓаат, толку е невнимателна кон оние што заминуваат…
ФАНТАСТИЧНА НОЌ
Само едно доживување станува одлучувачки момент во животот на еден човек. Што е доволно за среќа? Динамиката на доживувањата во „Фантастична ноќ“ нѐ предизвикуваат и нѐ тераат да помислиме: дали ја прифаќаме улогата на животот или го прифаќаме само калапот за живот таков каков што е извајан од општеството? А за наклоноста кон страста и нескротливата природа ќе прочитате во „Амок“ извонредна приказна за еден тропски лекар, обземен од страста и за неговата горда пациентка.
ЧУДА И ИДОЛОПОКЛОНСТВО
Кратките и радикални есеи на Волтер за филозофските идеи од ангели до идолопоклонство, од чуда до злоба, даваат иронични забелешки за човечките верувања и ги исмеваат лицемерието и екстремната побожност.
Тој им се обраќа на пријателите и им вели да делуваат со разум и да ги препознаат лагите со кои ги хранат нивните владетели. Задолжително четиво за инспирација за сите мислители насекаде!
ЧУДОТО НА ИСПРАВНАТА МИСЛА
Кога оние меѓу нас кои живеат во нехармоничност би го избрале патот на љубовта, макар и за кратко, никогаш повеќе не би биле предизвикани да се вратат на стариот начин на живот. Зошто да не пробате? Со години сте измачувани и раскинувани на парчиња од поганост, грижи, страв, омраза и лоша волја; вие кои веќе сте убиле многу години од своите животи, зошто не му свртите грб на сето ова и не го изберете патот на љубовта? Поминете ги високите огради, прегрнете ги најважните нешта на светот и чекорете по патот на љубовта!
ЧУДОТО НА ИСПРАВНАТА МИСЛА
Авторот нѐ учи дека она за кое копнееме, искрено го посакуваме и се стремиме да го достигнеме, има тенденција да стане реалност. Нашите идеали се сржта на она коешто постои во нашите надежи. Не постои ништо што е од поголема помош од постојано носење на оваа оптимистичка навика на исчекување – навика којашто секогаш бара и го очекува најдоброто, највисокото, најсреќното – а на личноста никогаш не ѝ дозволува да западне во песимистичко и обесхрабрувачко расположение. Кога еднаш ќе го разбереме и сфатиме сето ова, тоа ќе ни помогне да живееме исполнет живот, ќе ни ја покаже неплодноста, празнотијата и шупливоста на себичната и алчна борба во којашто најголемиот дел од нас се вовлечени. Свесноста дека ние всушност живееме, ќе ги издигне нашите стандарди и ќе ги умножи нашите сили извонредно многу.