ЗАДОВОЛСТВОТО

Андреа Сперели живее убав живот, во потрага e по убавина и не ги почитува правилата на моралот и на општеството. Во аристократските кругови во Рим, тој е познат како голем заводник. Но има две жени кои влијаат на неговиот углед: убавата и млада вдовица, Елена, и нежната и чесна Марија. Андреа, во потрага по возбуда, си игра со двете жени, ги врти една против друга и ткае садистичка мрежа од сладострасност и измама. Љубовта и распалените страсти ќе ви го задржат вниманието до последната страница.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ЗАКОНОТ НА ПРИВЛЕЧНОСТА

Ова е класична книга која повеќе од еден век воспоставува цврста основа за проучување на Законот за привлечноста. Овде Аткинсон ги запознава своите читатели со Законот за привлечноста во светот на мислата, а потоа се осврнува на други корисни прашања, како што се моќта на волјата, како да станете имуни на агресивна мисла атракција, мислени бранови и нивната моќ на репродукција и зошто е неопходно спроведувањето на Законот за привлечноста во секојдневниот живот. Оваа книга ве буди да ги почувствувате вибрациите насекаде околу вас и ќе ви покаже како да ги искористите менталните способности што веќе ги поседувате.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ЗАПИСИ ОД ЗЕН МАЈСТОРИТЕ

Единствени приказни за безвременска мудрост од зен мајсторите. Богати приказни со мечови, тигри, чај, цвеќиња и кучиња, записите од зен мајсторите ја предизвикуваат сечија фантазија и го носат секој читател поблиску до просветлување.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ЗБОРОВИ ШТО ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ

Претседателот Путин е со најбрз подем на листата од три илјади светски лидери, изгласан како еден од шестемина светски политичари кои луѓето најмногу ги сакаат, а американскиот претседател Џорџ Буш во една прилика за него искрено ќе рече: „Не секогаш ми се допаѓа тоа што го кажува, но тој отворено кажува што мисли и кога нè критикува и затоа му верувам. Кога првпат на средбата во Словенија во 2003 година му погледнав в очи му ја видов душата и сфатив дека тоа е човек на кој може да му се верува.“

Но главното прашање е: Кој е човекот што американскиот хегемонизам го сведе на мултиполарен со повеќе играчи во светот?

Одговорот на ова прашање за најголемиот број луѓе од светот на политиката е: Владимир Путин!

Книгава ги содржи најзначајните делови од повеќе негови обраќања на официјални средби и на прес-конференции што тој ги одржува пред огромен број новинари од целиот свет. Тие средби на новинарите со Путин станаа толку популарни и нив директно ги пренесуваат најголемите светски ТВ станици, а ги следат стотици милиони гледачи.

На околу 450 страници, во книгава се издвоени цитати од тие настапи со кои рускиот претседател Путин застана во редот на најцитираните поранешни и актуелни светски политичари.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ЗЕН-БУДИЗМОТ И ПСИХОАНАЛИЗАТА

Кои разлики постојат помеѓу источната и западната мисла во врска со природата на човечкиот ум и нашата улога во космосот? Како зен-будизмот и психоанализата можат да ни помогнат во борбата да го реализираме целиот свој потенцијал како човечки суштества и членови на општеството? Дали мудроста на Истокот и на Западот можат да се обединат за да внесат смисла во нашите животи? Ова е брилијантна и семеjна студија за односот помеѓу двете патеки кон самосвеста – зен-будизмот и психоанализата. Овие два система се занимаваат со теоријата за човековата природа и со нивната примена, а придонесуваат за човековата благосостојба. Импресивно премостувајќи го јазот помеѓу источната духовност и западната наука имаат за цел исти нешта – надминување на алчноста во сите форми, сфаќање на сопственото битие и отворање на патот кон просветлување. Клучна книга во нашата потрага за разбирање на себе и на нашите животи.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ЅИДАРИТЕ

Ѕидарите се смета за една од најдобрите книги на оваа тема. Њутон овде ги поставува темелите на масонството во неговите дела за историјата, значењето и филозофијата на занаетот. За разлика од другите дела од ваков тип, овде нема набројување на факти и датуми, туку оваа книга се базира на наративот за да се даде длабок увид во основата на занаетот. Ќе прочитате сѐ за навестувањата и предвидувањата на масонството, за Редот на градителите и за карактерот, верата и филозофијата на масонството и неговото влијание на општеството и државата. Откријте го мистицизмот на масонството и неговото влијание врз случувањата денес.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА НА ЦВЕЌИЊАТА

Интелигенцијата на цвеќињата го претставува страстниот обид на Метерлинк да го популаризира научното знаење за широката публика. Тој тврди дека цвеќињата ја поседуваат моќта на мислата без знаење, капацитет што претставува форма на интелигенција. И навистина можеме да кажеме дека идеите доаѓаат до цвеќињата на ист начин како што доаѓаат кај нас. Цвеќињата наидуваат на истите препреки и на истата лоша волја, ги знаат истите закони, истите разочарувања, истите бавни и тешки триумфи. Се чини дека тие го имаат нашето трпение, нашата истрајност, нашето самољубие, истата убаво дотерана и разновидна интелигенција, речиси истите надежи и истите идеали. Ова е книга за оние кои се возбудени од креативните средби меѓу литературата и науката, како и од актуелните дебати за односот на човештвото со природниот свет.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ИТАН ФРОМ

Итан Фром работи на својата непродуктивна фарма и се бори да обезбеди основни средства за живот за него и за Зина, неговата сопруга која е со тежок карактер, сомничава и која претерано се грижи за своето здравје. Но кога на фармата ќе дојде веселата братучетка на Зина за да работи како помошничка, Итан станува опседнат со неа и со можностите кои му се отвараат за среќен живот со неа.

500 ден
Брз преглед
Не е на залиха

Јас во суперлаТИв

Во длабочината на колективното минато се крие вулкан од кој извираат генерации непокорливи жени. Колку долго и да бил заспан, тој активно тлее, спремен да исфрли сѐ што затрупал. Жената е таков вулкан. Оваа книга ќе ти помогне да се воодушевуваш на формите кои духовната магма ги остава зад себе. Да го откопаш фосилот на едно минато. Да еруптираш. Да ја покажеш својата величествена сила. Да изненадиш. Да бидеш примерот од кој останатите ќе учат. Топоним на моќен суперлатив. Ти си сврзниот фрагмент од молекулата на животот.

 

500 ден
Брз преглед
Купете сега

КАБАЛА – ХАРМОНИЈА НА СПРОТИВНОСТИТЕ

При секој обид да се популаризира една толку суштински мистична творба како кабалата, она на што мора да се обрне внимание е дека „кабала“ е збор со далеку пошироко значење од она што вообичаено се очекува. Тој е еквивалент на терминот „херметички“ кога истиот се користи надвор од вообичаената историска конотација. Голем број научници ја сметаат eврејската кабала за дело со дискутабилна старост и уште посомнителна автентичност. Од тие причини не е паметен обидот да се зборува догматски во врска со нејзиното потекло, во услови на постоење на сомнеж во поглед на нејзината автентичност. Но, воздржувајќи се од овие конкретни прашања, кои со право се однесуваат само на академски полемики, потполно е во доменот на јавната расправа да се земе предвид главната идеја за којашто кабалата секогаш се залага, без оглед на спорните прашања во врска со авторитетот или автентичноста на која било посебна книга или книги.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

КАКО ПЛАЧЕМЕ И СЕ СМЕЕМЕ ЗА ИСТОТО

Значајни и безвременски есеи во кои тој се осврнува на осаменоста, на моќта на имагинацијата, на задоволството од читањето, на важноста на сонот, како и зошто понекогаш и плачеме и се смееме за истите работи. Дознајте зошто имаат толку големо влијание врз француското образование, култура и дипломатија. Дури и поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, на официјалниот портрет ја држи токму оваа книга.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

КОШМАРНИ ПРИКАЗНИ

Оваа книга е составена од кратки приказни, кои Блаватскаја ги создала во нејзините посветли моменти и ја покажува како ведра писателка со прекрасна фантазија. Богата е со изненадувачки описи за чудното и за необичното, а само дел од фантастичните приказни во кои ќе уживате се: „Легендата на синиот лотос“, „Нерешена мистерија“, „Маѓепсан живот“.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

КРАТКИ ПОЕМИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ БОЕМИ

Збирката поезија „Кратки поеми за најмладите боеми“ е богата поетска ризница, мозаик од емотивни пораки, идна училишна лектира, изобилство на едноставни детски песнички, но со моќни пораки низ стиховите, преку кои авторот ни ги соопштува сопствените длабоки согледувања и сознанија за детските стравови и дава свои совети за најважните и најнужните нивни потреби. Мотивот кој најмногу го третира е вечната мистичност на детската искреност, нивната кротка невиност и, во исто време, љубопитноста на детското срце.

Генерално опфатени се најважните животни вредности за кои секое дете треба да има почит и да ги негува.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ЛАМБАТА НА СЕЌАВАЊЕТО

Раскин е без сомнение еден од најбрилијантните умови од викторијанската ера и страстен критичар на уметноста. Ги изложува своите сфаќања архитектурата,уметноста, знаењето, литературата и учењето.

Тврди дека античките градби мора да се зачуваат заради нивните длабоки и мистични врски со минатото и заради тоа што пренесуваат една вечна човечка вистина. Книгата изобилува со фантастични идеи, поддржани со целосни аргументи кои ја провоцираат сечија мисла.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ЉУБОВ, ОМРАЗА, ЛЕКУВАЊЕ

Оваа книга ќе ви помогне да изградите подобра емоционална врска со другите, но и да се откриете себеси. Ќе прочитате за некои од несвесните ментални процеси кои лежат во основата на чувствата и делувањето. Од една страна импулсите на љубовта, а од друга страна интеракцијата на омразата и агресијата. Два еминентни психолози дискутираат за инстинктивните извори на емоцијата – Мелани КЛАЈН, чие учење довело до формирање на еден од најпознатите правци во психоанализата, познат како Клајнова психоанализа, и Џоун РИВИЕР, британска психоаналитичарка и преведувачка на Фројд. Разберете ја важноста на емоциите и нивниот понатамошен развиток. Ова ремек-дело е класичен водич до човековата психа и до несвесните агресии, кои денес стануваат сè поприсутни и пообемни, па оттаму е нужно нивно препознавање и лекување. Бидете архитекти на сопствената среќа!

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ЉУБОВТА НА ПОСЛЕДНИОТ МАГНАТ

Холивуд е опасен, но и неверојатно магичен. Никој не го претставил ова подобро од Фицџералд во „Љубовта на последниот магнат“. Холивудскиот продуцент Стар не само што се труди да најде љубов и успех во еден суров свет, туку се бори и да си го направи животот посреќен. Дали Кејтлин е вистинската за него? Дали нивната романса ќе успее? Додека ја читате, ќе бидете заслепени од сиот гламур и надеж на Холивуд, но и изненадени од лицемерието кое се крие зад нив.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

МАГИЈА И МАЃЕПСНИШТВО

Верувањето во духовни влијанија е толку универзално, особено во нивните малигни влијанија, што нема ниту една човечка раса, нема временски период, нема регион на светот, што се ослободени од него. Големата имитација или карикатура на некоја голема вистина е голема грешка, која, како таква може во секое време да

влијае врз мислењето на човештвото. Без оглед колку се грозни и болни деталите на суеверието, сепак се засновани врз основа на факти или вистини…

500 ден
Брз преглед
Купете сега

МАГИЈАТА НА ВЕРУВАЊЕТО

Секоја личност може да ги развие своите позитивни моќи, чие семе се наоѓа во потсвесниот ум. Овие позитивни сили ќе ви овозможат да ги добиете работите што ги сакате и да станете она што би сакале да бидете – покрај она што го имате и веќе сте. Потсвеста постојано работи на изразување на вашите најдлабоки верувања и желби. Таа е верен слуга што обновува, води и инспирира, но за да се извлече максимумот, потребно е големо почитување и верба во себе. Вашиот живот е вашето размислување – и резултат на вашите процеси на размислување. Несомнено, станувате она што го замислувате. Верувањето е мотивирачка сила што ви овозможува да ја постигнете целта. Не сомневајте се дека во верувањето има вистинска магија!

500 ден
Брз преглед
Купете сега

Марта

Трогателна приказна за една мајка и за нејзината животна борба. Одеднаш вдовица, претходно од средната класа, Марта Шивичка останува без пари и се впушта во мрачна битка за нејзиниот опстанок и за нејзината мала ќерка. Додека таа аплицира за работа по работа во Варшава , и се кажува дека само мажи ќе бидат ангажирани, бидејќи се татковци и глави на семејства. Но, таа неуморно се бори за достоинствена егзистенција во светот во кој доминираат мажи. Ова е еден од оние романи во кои авторот се чини дека се загрева, бидејќи пишувањето станува сè попривлечно понатаму во приказната. Прочитајте зошто овој роман се смета за феминистичка библија и зошто е едно од најдобрите дела во историјата на полската литература. „Марта“ е брилијантен роман затоа што има моќ да ве трогне и да ве освои. А сите сакаме кога книгите го прават тоа.

 

500 ден
Брз преглед
Купете сега

МАСОНСКИ ЛЕГЕНДИ

Во една древна легенда зависта, љубомората и горделивоста, претставуваат три глави на пеколниот демон, но тој демон е дух-гениј кај испревртените луѓе, кои го претставуваат тројца предавници. Во суштина масонската филозофија е иста со филозофијата на древната Кабала. Леви е најблескавиот, најоригиналниот и највпечатливиот објаснувач на окултната филозофија на Западот. Дури и два века по неговата смрт сè уште не се појавил никој да ја постави вистината на неговата мантија.

500 ден
Брз преглед
Купете сега