Марта
Трогателна приказна за една мајка и за нејзината животна борба. Одеднаш вдовица, претходно од средната класа, Марта Шивичка останува без пари и се впушта во мрачна битка за нејзиниот опстанок и за нејзината мала ќерка. Додека таа аплицира за работа по работа во Варшава , и се кажува дека само мажи ќе бидат ангажирани, бидејќи се татковци и глави на семејства. Но, таа неуморно се бори за достоинствена егзистенција во светот во кој доминираат мажи. Ова е еден од оние романи во кои авторот се чини дека се загрева, бидејќи пишувањето станува сè попривлечно понатаму во приказната. Прочитајте зошто овој роман се смета за феминистичка библија и зошто е едно од најдобрите дела во историјата на полската литература. „Марта“ е брилијантен роман затоа што има моќ да ве трогне и да ве освои. А сите сакаме кога книгите го прават тоа.
МАСОНСКИ ЛЕГЕНДИ
Во една древна легенда зависта, љубомората и горделивоста, претставуваат три глави на пеколниот демон, но тој демон е дух-гениј кај испревртените луѓе, кои го претставуваат тројца предавници. Во суштина масонската филозофија е иста со филозофијата на древната Кабала. Леви е најблескавиот, најоригиналниот и највпечатливиот објаснувач на окултната филозофија на Западот. Дури и два века по неговата смрт сè уште не се појавил никој да ја постави вистината на неговата мантија.
МЕЛОДИЈА НА СМРТТА
„ Гилберт Стандертон седеше напрегнато напнувајќи се да го лоцира звукот. Тоа беше Мелодија во Еф, што ја свири невидлив музичар. Имаше нешто трагично, нешто малку застрашувачко…“
Фасцинантен роман за еден млад човек кој откако ќе слушне одредена мелодија, започнува да се однесува мистериозно. Но дали таа мелодија со длабок татнеж на гласови, меки и тажни, кои де се слушаат, де се губат, која сјае и исчезнува како непостојана нишка од злато фатена во едноличното завивање на евтиниот живот навистина ќе му го смени животот? Возбудлива, интересна, интригантна, која е мистеријата што ја крие Мелодијата во Еф.
МОЈОТ ПОРЕДОК НА СВЕТОТ
Во Мојот поредок на светот, Адолф Хитлер ги изнел своите мисли за надворешната политика на Германија, за расата и волјата во борбата за моќ, за германските потреби и цели, политичките планови на вториот Рајх, како и за целите на Германија. Напишана е по Мојата борба, а денес овие историски документи ни даваат увид во умот и во намерите на една од најпознатите политички фигури на 20 век. Книгата, исто така, ни го прикажува развојот на идеи кои требаше да ја обликуваат надворешната политика на Хитлер по 1933 година. Ги содржи сите обележја на Хитлер, заедно со застрашувачкото, постојано верување во војна и насилство како средства за да се осигури дека Германија ќе владее со светот
МОЌТА НА ВИСТИНАТА
Искреноста е суштинска основа на секој силен карактер. Таа е компас на душата, чувар на совеста, пресудно мерило на исправноста. Вистината, пак, е најстарата од сите доблести. Кога еден човек ќе открие една голема вистина на природата, тој го има клучот за разбирање на милион појави; кога ќе зграби една голема вистина на моралот, тој во неа го има клучот за своето духовно пресоздавање.
МОЌТА НА УМОТ
Mоќта на умот е монументално достигнување во науката за умот. Нејзината вредност денес е уште поизразена. Аткинсон открива дека свеста е обединета и сеприсутна и дека да ја насочиш свеста е да ја насочиш својата реалност, да избереш од гледиштата на твоите потенцијали, буквално да ја совладаш својата судбина. Пораката од оваа книга ќе допре до сите оние што слушаат, бидејќи човештвото еволуира низ својата духовна адолесценција. Аткинсон имал длабоко разбирање за моќта на умот и за тоа како да го управува, што е елегантно и јасно претставено во оваа безвременска книга.
НАПРАВЕТЕ ГО СВОЈОТ ЖИВОТ РЕМЕК-ДЕЛО
Во кариерата на секое човечко суштество се крие потенцијално ремек-дело или ужасна, искривена мачканица. Кое и да го создадете, ќе биде закачено во галеријата на цивилизацијата. Тоа ќе биде изложено пред светот како отелотворение, доказ за значењето на сечиј живот. Каков човек ќе стане од вас, како ќе ве гледа светот, дали луѓето ќе ви се воодушевуваат и ќе ве почитуваат или ќе ве презираат – сето ова лежи во ваши раце. Без разлика каде ќе ве одвее ветрот, ниту една сила на земјава не може да ве спречи да станете човек со извонреден карактер. Оваа книга ќе ве научи како од вашиот живот да направите вистинско ремек-дело.
ОВАА СТРАНА НА РАЈОТ
Оваа страна на рајот е увертира во блескавата и богата кариера на Фицџералд. Тој го прикажува животот на Ејмори Блејн низ неговите рани дваесетти години. Додека Ејмори се пробива меѓу дебитантите и принстонските студенти, тој е опкружен со ветување за сето она што беше ново во енергичната, немирна Америка. Ние ги доживуваме пловидбите на Ејмори, чувствувајќи ги поразите, длабоката љубов и тешките загуби. Неговиот раст до сексуална свесност и личност се одвива со континуирана импровизаторна енергија и радост. Откако ќе го прочитате овој роман, Фицџералд со сигурност ќе стане вашиот омилен писател.
ПОЗНАВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ – ДЕТЕТО И ОПШТЕСТВОТО
Тајната цел на детското однесување е иста со однесувањето на човекот во подоцнежни години. Поради тоа нашето внимание мора да се сврти кон детството, бидејќи согледавме дека ако сакаме да направиме некоја промена, треба најпрво да го пронајдеме и откриеме неговиот шаблон. Дознајте за детската фантазија, чувството на помала вредност и стремежот за важност и надмоќ, соништата, соживувањето, сугестијата…
ПОЗНАВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ ОДНОСОТ МЕЃУ ПОЛОВИТЕ
Човекот во исполнувањето на трите основни задачи на животот (љубов, професија и друштво), го покажува и стремежот да биде почитуван и надмоќен. Со тоа започнала поделбата на работата на посебни патеки, кои и денес прават човековата култура да биде одбележана со пресудната надмоќ на мажите која е пресудна врз влијанието на положбата на жената. Зошто по своја волја да одлучуваат за формите на живот и да го одредуваат начинот на животот на жените и какви се нивните предрасуди за ниската вредност на жената?
ПРАВОТО НА МАСОНСКИТЕ ЛОЖИ
Во оваа книга, на читателот му се претставува краток историски преглед на настанокот и развојот на устројството на Големите ложи, и начинот на кој таквите тела се првично организирани, кој ги сочинува нивните службеници и членови и кои се нивните признати права. Сѐ за законодавната, судската и извршната власт на Големата ложа.
ПРАВОТО НА ПОЕДИНЦИТЕ МАСОНИ
Дискусија за правото кое ги раководи масоните во нивните групи, како составни делови на Големата и на подредените ложи во нивната индивидуална улога, дали во започнувањето на нивниот масонски живот, како кандидати за воведување, или, пак, во нивниот постепен напредок низ секој од трите степени, бидејќи секој масон, како што ги презема новите и дополнителни обврски и добива поголемо разбирање, така тој стапува на нови задачи и му се даваат нови права и привилегии.
ПРЕСВРТИ ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ
Според Штајнер, земјата е казан на космичка еволуција и земјината еволуција се остварува преку човештвото. Постојат пет пресвртни точки, или критични, преобразни моменти, а на секоја од овие точки ѝ соодветствува по една личност: Заратустра, Хермес, Мојсеј, Илија и Буда. Во нив, Штајнер дава прекрасни гледишта за езотеричната историја и ги покажува извонредните начини според кои е водена спиритуалната еволуција во подготовката за Исусовото појавување на земјата.
ПРИКАЗНАТА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ
Приказната од милион долари е неговиот најпознат криминалистички роман. Главниот лик e новинарот Џон Сендс кој ја открива тајната за венчавката на осуденичката Маргарет и на еден милионер кој е пронајден мртов. Тој помага во истрагата, но во исто време таа му е инспирација за да напише приказна од милион долари, која ќе го спаси од сиромаштијата. Романтика и мистерија, со класични пресврти и неизвесност, романот го задржува вниманието до последната страница. Шармантно и интересно четиво, а читателите ќе уживаат во секоја страница и во среќниот крај.
ПРИКАЗНИ ОД ЕРАТА НА ЏЕЗОТ
Фицџералд, во оваа збирка раскази го прави она што го прави најдобро: дава прекрасна сатира од неговиот период која во исто време е и оптимистичка и брза и покрај цинизмот кој демне под неа. Книгата изобилува со хумор кој е претставен во форма на апсурдност, а има и мали иновации и неочекувани детали што ви го задржуваат вниманието. Ликовите се впечатливи и остануваат со вас дури и кога ја затворате книгата.
Во Приказни од ерата на џезот ќе ги прочитате познатите раскази на Фицџералд: Мојата последна девојка, Шеќерна бонбона, Фантазии, Трошки среќа, но и неговиот прочуен и филмуван расказ Необичниот случај на Бенџамин Батон. Приказни што ви го одземаат здивот. Уживајте!
ПРОБЛЕМАТИЧНОТО ДЕТЕ
Кога ќе погледнеме едно дете, знаеме дека во него не постои ништо лошо. Тоа во себе носи животна сила. Неговата волја, односно неговата несвесна потреба, е да живее. Неговата животна сила го поттикнува да јаде, да си го истражува телото, да си ги задоволува желбите. Но, секој родител го учи своето дете како да живее. Наскоро детето се соочува со цел еден систем на забрани. Ова е лошо, она е валкано, тоа е себично. Така, детето се судира со гласот на подучувањето и верува дека моралното подучување е тоа кое детето го прави лошо. Затоа, потребно е да се разберат желбите на детето, да се дознае зошто детето изразува љубов, омраза или љубомора, зошто станува мрзеливо и најважно од сѐ, како ние можеме да ја примениме психологијата за да му помогнеме. Книга која ќе ви помогне вистински да го запознаете своето дете и да изградите квалитетна врска со него.
ПРОДУКТИВНО РАЗМИСЛУВАЊЕ
Оваа книга е од фундаментална важност за вистинско разбирање на продуктивното размислување. Водејќи го читателот низ повеќеслојното тело на мислата, Вертхајмер ги истакнува продуктивните наспроти автоматските мисловни процеси и нивните ефекти во многу области од животот. Се состои од многу креативни процеси на размислување, меѓу кои и проблемот на фокусирањето, како најзначаен фактор за размислувањето, најпродуктивните игри во училиштето, а вклучена е и познатата задача која Вертхајмер му ја испратил на познатиот научник Алберт Ајнштајн. Ова е учење кое малите умови нема да ги вежба едноставно да го запомнуваат она што го мислеле големите умови, туку ќе ги вежба самите да станат големи.
ПСИХОЛОГИЈА И ПОЛИТИКА
В. Х. Р. РИВЕРС рекол: „Не можам да верувам дека политичките проблеми се разликуваат од оние во секој друг аспект на општествениот живот по тоа дека не можат да се решат со научни методи.“ Ваквото верување го поттикнало да одржи предавања за психолошката теорија на универзитетите, во бројни училишта и здруженија во Велика Британија и во Америка, а кои се отпечатени во оваа книга – сигурно највпечатлив облик на обраќање до парламентарните избирачи во историјата на политиката!
Психологија на вниманието
Откријте зошто оваа мала книга е една од најзначајните во светската психологија. Психолозите направиле многу студии за ефектите на вниманието, но многу малку за неговиот механизам, а тоа е она што ќе го истражите овде. Исто така, вниманието e интелектуална состојба, и тоа е дополнителна карактеристика што треба да се забележи. Но, за да го разликуваме вниманието од други состојби мора да ја земеме предвид адаптацијата што во голема мерка го сочинува неговиот карактер. Прочитајте ја внимателно и научете за оваа фасцинантна функција и ќе откриете неверојатни работи за функцијата на мозокот.
ПСИХОЛОГИЈА НА ЕМОЦИИТЕ
Најважното дело на Теодул Рибо за афективниот живот и почетна точка на сите негови понатамошни дела на оваа тема е Психологија на емоциите. Во него, тој се обидел да го стави на вистинското место проучувањето на чувствата и емоциите и да се бори против одреден интелектуализам. Основната идеја е дека афективниот живот доаѓа пред интелектуалниот живот, а чувството е примитивен факт и не зависи од идеите. Ова е основно четиво за емоционалната психологија. Научете сѐ за природата на емоцијата, помнењето на емоциите, сочувството и нежните емоции, егото и неговите емоционални манифестации, сексуалниот инстинкт, интелектуалното чувство…